ѕирка

ѕиркаат; ѕиркал, ѕиркаше
Вид збор: Глагол, несвршен
Ранг: 3826
1. Гледа низ мал отвор.
Англиски: peep Албански: përgjon
Примери:
Децата ѕиркаа во собата низ клучалката.
2. Погледнува краткотрајно; погледнува скришум, од љубопитство.
Англиски: peek Албански: përgjim
Примери:
Детето ѕирка од постелата како глувче.
Жените ѕиркаа низ прозорците.
3. Се појавvва нешто во мал степен од некаде, од нешто.
Англиски: peek Албански: përgjim
Употреба: Преносно значење
Примери:
Од чорапите ѕиркаа две прстиња.
Од косата му ѕиркаа сламки.
Митралезите ѕиркаа над рововите.
Од небото ѕиркаше сонцето.
Изрази
Ѕирка во туѓ џеб - се интересира многу, многу е љубопитен за туѓи пари.
Изведенки
ѕиркање ср.
глаг. им.