а   б   в   г   д   ѓ   е   ж   з   ѕ   и   ј   к   л   љ   м   н   њ   о   п   р   с   т   ќ   у   ф   х   ц   ч   џ   ш

цацко

мн. цацковци
Вид збор: Именка, машки род
Ранг: 36021
ѓавол, враг, сатана
Англиски: devil
Употреба: Разговорно
Изрази
Ме (те, го) дупнал цацко - наведе, наговори, натера некого да прави лошо, да се однесува непримерно.
Цацко ќе го знае - никој не знае.
Работи како што не треба, па после цацко ти е крив - кога самиот си виновен, не обвинувај други за лошите последици од работата.
Кој цацко те тераше - кој те тераше тоа да го правиш кога знаеш дека не треба.
Му влегол цацко - му влегол ѓаволот во него.
Цацко го бараше? - тоа не треба да го правиш оти лошо ќе поминеш.