а   б   в   г   д   ѓ   е   ж   з   ѕ   и   ј   к   л   љ   м   н   њ   о   п   р   с   т   ќ   у   ф   х   ц   ч   џ   ш

твој

мн. твои
Вид збор: Придавка
Ранг: 231
1. (зам. прид.) Заменска придавка со посвојно значење - што ти припаѓа тебе.
Англиски: yours
Примери:
Куќата е моја, а нивата твоја.
2. (зам. прид.) Што ти е близок, роднина или пријател и сл.
Англиски: your
Примери:
твој маж, твој брат
3. (зам. прид.) Што е сврзано со тебе или се однесува на тебе.
Англиски: your
Примери:
Твоето заминување ме расплака.
Твојата работа не чини.
твојата љубов, твојата добрина
На твое располагање сум.
твоја волја
4. (зам. прид.) Што е на твоја страна, што ти служи тебе.
Англиски: yours
Примери:
Јас ти бев верен, твој - му рекол сиромавиот.
Изрази
(разг.) Нека биде на твоето.
(разг.) На твое место (во твојата положба).