а   б   в   г   д   ѓ   е   ж   з   ѕ   и   ј   к   л   љ   м   н   њ   о   п   р   с   т   ќ   у   ф   х   ц   ч   џ   ш

стап

мн. стапови
Вид збор: Именка, машки род
Ранг: 1656
1. тојага
Англиски: stick Српски: штап Албански: shkop
Примери:
Момчето имаше во рацете еден голем стап.
овчарски стап
Пушти го веќе стапот!
Торба и стап беше му останало од сермијата.
2. спортска справа
Англиски: pole Албански: shkop
Употреба: Спорт
Примери:
Скок со стап.
3. Како мера; удар со стап.
Англиски: stick Албански: shkop
Примери:
Му удрија сто стапа.
Изрази
(разг.) Дотера до питачки стап.
(посл.) Нашол село без кучиња, та тргнал без стап.
Се држи како слеп за стап - упорно, тврдоглаво држи некаков став, мислење и сл.; настојчиво се труди да постигне нешто.
Со стап (трн) да маваш, нема што да удриш (закачиш).
(посл.) Спроти мечката и стапот.
(посл.) Каде збор не помага, таму стап помага.
(посл.) На една кола грнци еден стап доста им е - со слабаци е лесно да излезеш на крај.
(посл.) Сто стапа по туѓ грб ништо не се.
(посл.) Стапот има два краја.
(разг.) За стап плаче - заслужува ќотек.
Со стап не му се плаќа.
Ќе го крка стапот.
Со стап (трн) да маваш, нема што да удриш (закачиш) - куќа без покуќнина или со бедна покуќнина.