а   б   в   г   д   ѓ   е   ж   з   ѕ   и   ј   к   л   љ   м   н   њ   о   п   р   с   т   ќ   у   ф   х   ц   ч   џ   ш

средство

мн. средства
Вид збор: Именка, среден род
Ранг: 757
1. Начин на дејство за постигање на нешто.
Англиски: mean Албански: mjet
Примери:
Тој знаеше само едно средство - убедувањето.
Ќе најде средство.
единствено средство
воспитно средство
Нема друго средство.
крајни средства
2. (обично мн.) Предмети, орудија неопходни за остварувањето на нешто.
Англиски: means Албански: mjete
Примери:
средства за производство
превозни средства
сообраќајни средства
транспортни средства
средства за врска
3. Лек, лекарство; предмет неопходен за лекување.
Англиски: remedy Албански: ilaç
Употреба: Медицина
Примери:
средство против главоболие
средство за прочистување
благо средство
дезинфекционо средство
спасоносно средство
4. (само мн.) Материјални можности, пари, капитал.
Англиски: means Албански: mjete
Употреба: Економија
Примери:
Остана без средства.
(о)скудни средства
средства за живот
Со свои сопствени средства.
парични средства
Изрази
(разг.) Целта ги оправдува средствата - неморално правило според кое сѐ е допуштено за постигнување на целта.