а   б   в   г   д   ѓ   е   ж   з   ѕ   и   ј   к   л   љ   м   н   њ   о   п   р   с   т   ќ   у   ф   х   ц   ч   џ   ш

слобода

мн. слободи
Вид збор: Именка, женски род
Ранг: 487
1. Во филозофијата - можност на човека да ги оствари своите цели и стремежи.
Англиски: freedom Албански: liri
Употреба: Филозофија
Примери:
слобода на волјата
2. Отсуство на политичко и економско ропство.
Англиски: independence Албански: pavarësi
Употреба: Политика
Примери:
војна за слобода
борец за слобода
смрт или слобода
3. Состојба на оној што не е затворен.
Англиски: freedom Албански: liri
Употреба: Правда
Примери:
Лишен од слобода.
Го пуштија врапчето на слобода.
4. Лична независност, отсуство на секакви ограничувања.
Англиски: liberty Албански: liri
Примери:
слободата на писателот
Кај него тој имаше потполна слобода.
5. Можност за дејство во некоја област без ограничување.
Англиски: freedom Албански: liri
Примери:
слобода на печатот
слобода на движењето
слобода на трговијата
слобода на мислењето
6. Непринуденост во држењето, отсуство на врзаност.
Англиски: freedom Албански: liri
Примери:
Ја имаше слободата на опитен државник.
Изрази
Даде слобода.
Демократски слободи.
Слобода на изразување.
Слобода на медиумите.
Економски слободи.
Поетска слобода - можност на поетот, писателот да отстапи од граматичките или од јазичните правила поради стилски причини.
Слобода или смрт - парола на македонските борци за слобода.
Смрт на фашизмот - слобода на народот - парола на борците за слобода во Втората светска војна.
Академска слобода - принцип на слобода на науката и наставата на универзитетите во однос на надворешни влијанија од страна на државата (власта, црквата и сл.).