а   б   в   г   д   ѓ   е   ж   з   ѕ   и   ј   к   л   љ   м   н   њ   о   п   р   с   т   ќ   у   ф   х   ц   ч   џ   ш

север

(едн.) северот
Вид збор: Именка, машки род
Ранг: 2411
1. Една од четирите страни на светот, противположна на југ; месност, дел од држава расположен во тој правец.
Англиски: north Албански: veri
Употреба: Географија
Примери:
од југ дури до север
Северна Европа
на север на Македонија
2. Месност расположена во зоната на студената или умерено-студената клима.
Англиски: north Албански: veri
Употреба: Географија
Примери:
народите на север
3. северен ветер
Англиски: north wind Албански: fryn veriu
Употреба: Преносно значење
Примери:
Дува северот.
4. северни земји и народи - Север
Англиски: north Албански: veri
Употреба: Географија
5. северни американски држави - Север
Англиски: north Албански: veri
Употреба: Историја
Примери:
борба меѓу Северот и Југот