а   б   в   г   д   ѓ   е   ж   з   ѕ   и   ј   к   л   љ   м   н   њ   о   п   р   с   т   ќ   у   ф   х   ц   ч   џ   ш

свој

свои
Вид збор: Придавка
Ранг: 19
1. Што му припаѓа на вршителот на дејството; што се јавува како личен, сопствен.
Англиски: his Албански: i tij
Примери:
Седна на своето место.
Си ја сака својата работа.
Има своја куќа.
2. За членови на потесното семејство - роден, вистински; кој е многу близок.
Англиски: own Албански: e vet
Примери:
Го сакаше како свое дете.
Не плаши се, свои луѓе сме.
3. Што не паднал под туѓо внијание, доследен, верен на себеси, посебен, независен.
Англиски: independent
Примери:
И по долгиот престој во туѓина, остана свој.
Изрази
За своја сметка - за себе.
На свој начин - кој како умее.
На своја глава (рака) - како што знае и умее.
На свое место.
Не умре со своја смрт - умре со насилна смрт.
Оди по својот пат - оди како што му е судбината, како што му е предодредено.
Од своја страна.
По своему (на свој начин).
Своето рода.
Сѐ во свое време - кога ќе дојде моментот за остварување нешто.
Со свои зборови - каже нешто така како што го доживува, како што го разбира.
Виде (гкеда) со свои очи - сведок е на нешто или ги разбира работите на свој начин.
(посл.) Секоја коза на својата нога виси.
Туѓо нејќеме, своето не го даваме.
Секој си го фали своето.
Секој си го знае своето.
Во свое време - кога бил на сила, на власт, кога бил млад и сл.
Работи на своја рака - работи по свое наоѓање или работи за своја корист, добивка.
Сега е свој човек - сега е самостоен.
Застана на свои нозе - стане самостоен.
Тера по свое - стои на своите позиции, мислење и сл.
Се плаши за својата кожа - се плаши за својот живот.