а   б   в   г   д   ѓ   е   ж   з   ѕ   и   ј   к   л   љ   м   н   њ   о   п   р   с   т   ќ   у   ф   х   ц   ч   џ   ш

светлина

мн. светлини
Вид збор: Именка, женски род
Ранг: 400
1. Енергија што се испушта од некое тело и го прави видлив околниот свет.
Англиски: light Албански: drita
Употреба: Физика
Примери:
сончева светлина
светлината на свеќата
брзина на светлината
светлина и мрак
закони на светлината
(разг.) во вистинска светлина
во друга светлина
во светлината на...
Излезе на светлина, види светлина.
Фрли светлина (врз нешто).
2. Светлина карактеристична за некој дел на деноноќието.
Англиски: light Албански: dritë
Примери:
дневна светлина
утринска светлина
во слабата светлина на ноќта
3. Извор на осветление, направа за осветление по куќи и улици.
Англиски: light Албански: dritë
Употреба: Ретко
Примери:
Запали ја светлината.
Вклучи ја светлината.
4. Место од каде што излегува светлина, осветлено место.
Англиски: clearing Албански: ndritë, ndriçon
Примери:
Не смееше да излегува на светлина од шумичката.
Изведенки
1. светлинче ср.
мн. светлинчиња
дем. и хип.
2. светлински прид.
светлинскиот
Пример: светлинска енергија