а   б   в   г   д   ѓ   е   ж   з   ѕ   и   ј   к   л   љ   м   н   њ   о   п   р   с   т   ќ   у   ф   х   ц   ч   џ   ш

сведочи

сведочат; сведочел
Вид збор: Глагол, несвршен
Ранг: 3239
1. Потврдува нешто во својство на очевидец или на ииформирано лице.
Англиски: witness Албански: dëshmoj
Примери:
Има луѓе што ќе сведочат дека е тој убиецот.
2. Служи како сведоштво, потврдува, покажува нешто.
Англиски: prove Албански: dëshmoj, tregoj
Примери:
Големиот број членови сведочи за популарноста на организацијата.
Последните успеси сведочат за неговиот голем талент.
3. Потврдува нешто во својство на сведок на суд.
Англиски: testify Албански: dëshmoj
Употреба: Правда
Примери:
Тој ќе сведочи, се знае, во негова корист.