а   б   в   г   д   ѓ   е   ж   з   ѕ   и   ј   к   л   љ   м   н   њ   о   п   р   с   т   ќ   у   ф   х   ц   ч   џ   ш

само

Вид збор: Честичка
Ранг: 866
1. Со именки и заменки со значење единствено, исклучиво.
Англиски: only Албански: vetëm
Примери:
Само учењето е спасот.
Тоа само ти можеш да го сториш.
2. Со значење не, ништо друго освен тоа.
Англиски: only
Примери:
Само ветува, а ништо не прави.
3. Со значење покриен, во голема мера, сиот опфатен од тоа што значи именката (обично нечистотија, вода).
Англиски: only
Примери:
Улиците се само дупки.
4. Во составот „само и само“ означува цврста решеност, по секоја цена да се постигне целта.
Англиски: only
Примери:
Сакаше само и само да биде таму вечер.
5. Во разни контексти со значење: потсилување, закана, негодување, обусловена готовност, желба.
Англиски: only
Примери:
Само дојди, ќе се договориме.
Само да ми паднеш в раце!
Зошто само јас?!
Ти само кажи, веднаш доаѓам.
Само да оздравам.