а   б   в   г   д   ѓ   е   ж   з   ѕ   и   ј   к   л   љ   м   н   њ   о   п   р   с   т   ќ   у   ф   х   ц   ч   џ   ш

рок

Види и: срок (м.)
мн. рокови
Вид збор: Именка, машки род
Ранг: 853
1. Ограничено, утврдено долго или пократко време, период во кој треба нешто да биде завршено, да се направи, изврши и сл.
Англиски: term Албански: afat
Примери:
Рок за исплата на долгот.
Течат роковите за пријавување проекти.
Да се испочитува рокот.
Рокот бил продолжен.
пролонгиран рок
Се приближува рокот.
2. Крајниот дел од некој период, дел од времето кога нешто достасува да се изврши, да се направи.
Англиски: deadline Албански: afat, kohë
Употреба: Административен термин
Примери:
Денес е рокот за плаќање и за поднесување извештај.
Измина рокот за пријавување испити.
рок на поврат на средства
рок за добивање одобрение
рок за поднесување барања
3. Временски период, отсечка во времето.
Англиски: period
Примери:
Во рок од три дена треба да се заврши ова.
Во рок од два часа се смени времето.
Изрази
Воен рок - време што треба да се помине на задолжителна воена обука.
Отказен рок - определено време што може или треба да се помине пред да стапи во сила отказно решение.