а   б   в   г   д   ѓ   е   ж   з   ѕ   и   ј   к   л   љ   м   н   њ   о   п   р   с   т   ќ   у   ф   х   ц   ч   џ   ш

рипа

рипаат
Вид збор: Глагол, несвршен
Ранг: 10833
1. Прави скок, се движи со скокање.
Англиски: jump
Примери:
Тој рипаше од скокалницата во водата.
Надвор децата играа, рипаа и врескаа.
2. Се зголемува, се изменува нагло, во голема мера.
Англиски: jump
Употреба: Преносно значење
Примери:
Во текот на овие две недели цените неконтролирано рипаат во сите продавници.