а   б   в   г   д   ѓ   е   ж   з   ѕ   и   ј   к   л   љ   м   н   њ   о   п   р   с   т   ќ   у   ф   х   ц   ч   џ   ш

рика

рикаат; рикал
Вид збор: Глагол, несвршен
Ранг: 3977
1. За некои животни - издава силен рик.
Англиски: roar Албански: gjëmoj
Примери:
Рикале магарињата горе на ридот.
Ќе чуеш како рикаат лавовите.
2. Громко пее; вика, креска силно.
Англиски: roar Албански: gjëmoj
Употреба: Преносно значење
Примери:
Јадеа, пиеја, рикаа са ноќ.
Беше рикал како некој.
3. Плаче многу гласно, лелека.
Англиски: wail Албански: qaj
Употреба: Разговорно
Примери:
И ќе рикаш од жал.
Плачат и рикаат по него.
4. (само во 3. л.) Издава силен шум.
Англиски: roar Албански: gjëmon
Примери:
Рика запенетата вода.
Рикаат страшни топови.
Ветрот што рикал надвор.