а   б   в   г   д   ѓ   е   ж   з   ѕ   и   ј   к   л   љ   м   н   њ   о   п   р   с   т   ќ   у   ф   х   ц   ч   џ   ш

речник

мн. речници
Вид збор: Именка, машки род
Ранг: 2298
1. Книга во која се собрани зборови на еден јазик, обично по азбучен ред, со толкување на истиот јазик или со превод на друг јазик.
Англиски: dictionary Албански: fjalor
Употреба: Лингвистика
Примери:
речник на литературниот јазик
етимолошки речник
енциклопедиски речник
правописен речник
македонско-руски речник
2. Сите зборови на еден јазик; зборовите со кои се служи одделен човек, особено писател.
Англиски: vocabulary Албански: fjalоr, fond fjalësh, vokabular
Употреба: Лингвистика
Примери:
Богат е речникот на нашиот јазик.
Ученикот покажа слаб речник.
Речникот на нашите современи писатели.