а   б   в   г   д   ѓ   е   ж   з   ѕ   и   ј   к   л   љ   м   н   њ   о   п   р   с   т   ќ   у   ф   х   ц   ч   џ   ш

реконструкција

мн. реконструкции
Вид збор: Именка, женски род
Ранг: 9113
1. Темелно преустројство; воспоставување нешто што го имало порано; повторна изградба.
Англиски: reconstruction Албански: rikonstruksion, rindërtim
Примери:
реконструкција на фабриките
реконструкција на владата
реконструкција на спомениците на културата
2. Повторна изградба, преобновување нешто и враќање во слична или во иста форма, обнова на постојна конструкција на објект и сл.
Англиски: reconstruction
Употреба: Архитектура и градба
Примери:
реконструкција на стариот театар
реконструкција на станот
3. Постапка што судските власти ја водат на местото каде што се извршило некое дејство заедно со обвинетиот и со други лица вклучени во предметот, создавајќи претстава за вистинскиот тек на настаните.
Англиски: reconstruction
Употреба: Правда
Примери:
реконструкција на убиството
реконструкција на настанот
реконструкција на вечерта
4. Опис според сочувани документи, други показатели или според кажувања.
Англиски: reconstruction
Примери:
реконструкција на животот на писателот
Реконструкција на јазикот што се зборувал на ова подрачје пред пет века.
Изведенки
реконструкциски прид.
реконструкцискиот