а   б   в   г   д   ѓ   е   ж   з   ѕ   и   ј   к   л   љ   м   н   њ   о   п   р   с   т   ќ   у   ф   х   ц   ч   џ   ш

реакција

мн. реакции
Вид збор: Именка, женски род
Ранг: 1564
1. Дејство што се јавува како одговор на некакво воздејство, одглас, противдејство.
Англиски: reaction Албански: reakcion
Употреба: Физика
Примери:
Очекуваше да види каква реакција ќе предизвика неговото идење.
2. Одговор на организмот на надворешно или внатрешно дразнење.
Англиски: reaction Албански: reakcion
Употреба: Медицина
Примери:
Каква ќе биде реакцијата на организмот на овие вакцини?
3. Остра промена на настроението, на пример, опаѓање на силата по некакви напори.
Англиски: reaction Албански: reakcion
Употреба: Преносно значење
Примери:
По бурно помината ноќ, настапи кај сите реакција.
4. Заемно дејство на две или повеќе материи, што доведува до создавање нови материи.
Англиски: reaction Албански: reakcion
Употреба: Хемија
Примери:
хемиска реакција
5. Општествена група што му се противставува на прогресот.
Англиски: reaction Албански: reakcion
Употреба: Политика
Примери:
Се бореше со сите сили против домашната и странската реакција.
6. (само едн.) Идеолошка определба што ја дава партијата на власт за општествен слој или група која покажува отпор кон постојните владејачки сили.
Англиски: reaction
Примери:
антифашистичка реакција
Тие нема да можат да се пресметаат со реакцијата.
7. (само едн.) Приврзаници на oтпорот кон постоечката власт.
Англиски: reaction
Примери:
Тоа се ставови на реакцијата.