а   б   в   г   д   ѓ   е   ж   з   ѕ   и   ј   к   л   љ   м   н   њ   о   п   р   с   т   ќ   у   ф   х   ц   ч   џ   ш

рамо

мн. рамена
Вид збор: Именка, среден род
Ранг: 856
1. Дел на човечкото тело од вратот до горниот крај на раката.
Англиски: shoulder Албански: shpatull
Употреба: Анатомија
Примери:
Го дигнал на рамо и си отишол дома.
Со српот на рамо.
Со мотика на рамо.
Ќе ви сечам глави до рамења.
2. Дел од телото на животно или птица.
Англиски: shoulder Албански: kurriz
Употреба: Анатомија
Примери:
(нар. поез.) Се фрли коњу на рамена.
3. Дел од предмет расположен под агол спрема неговиот основен дел.
Англиски: shoulder Албански: supë
Примери:
Рамо на топ.
Изрази
Рамо за плачење - поткрепа, поддршка, човек на кој можеш да си ги кажеш маките.
Рамо до рамо - заедно, здружено, рамноправно.
Крева (дига) рамена - не знае или се прави дека не знае нешто.
Свие (подвие) рамена - се потчини, попушти.
Потчукне по рамо - знак за поддршка, храбрење (меѓу пријатели, другари, блиски).
Потчукне по рамо - лажна утеха, лажно дава пофалби, поткровителско однесување заради придобивање покорност, послушност.