а   б   в   г   д   ѓ   е   ж   з   ѕ   и   ј   к   л   љ   м   н   њ   о   п   р   с   т   ќ   у   ф   х   ц   ч   џ   ш

развиток

(едн.) развитокот
Вид збор: Именка, машки род
Ранг: 4406
1. Процес на преминување на една состојба во друга, посовршена.
Англиски: development Албански: zhvillim
Примери:
Никој не може да го запре историскиот развиток.
Развитокот на човечкото општество.
Го кочи развитокот.
Развитокот на науката.
2. Степен на умствена, духовна зрелост, ширина на видокругот.
Англиски: maturity Албански: pjekuri, zhvillim
Примери:
Умствениот развиток на народот.
3. Природни промени кај живите организми како приспособување кон животните услови.
Англиски: evolution Албански: evoluim
Примери:
Еволутивен развиток на приматите.
4. Зголемување на производните резултати, пораст на општественото производство, економски напредок.
Англиски: progress Албански: zhvillim
Употреба: Економија
Примери:
Сето тоа води до развиток на стопанството во земјата.