а   б   в   г   д   ѓ   е   ж   з   ѕ   и   ј   к   л   љ   м   н   њ   о   п   р   с   т   ќ   у   ф   х   ц   ч   џ   ш

пушка

мн. пушки
Вид збор: Именка, женски род
Ранг: 464
Огнено, војничко или ловечко оружје со една или две цевки.
Англиски: rifle
Употреба: Воен термин
Примери:
војничка пушка, ловечка пушка
автоматска пушка, полуавтоматска пушка
Негде се чу пушка.
Изрази
(арх.) Фрла пушка - пука.
Како откочена пушка е - секогаш е на штрек.
Пукна пушка - настана решавачкиот момент.
(посл.) Од празна пушка двајца се плашат - се плаши и тој во кого е усмерена пушката и тој што ја држи пушката бидејчи знае дека е празна.
Тој е пушка - секогаш е подготвен.
Пушка златна да те фркне (клетва).
Ја обесил пушката (негде) - е во мирување.
Со една пушка два зајака - сврши две работи одеднаш.
Тој е испукана пушка - е без значење, без вредност.
Одговара како пушка - одговара брзо и точно.