а   б   в   г   д   ѓ   е   ж   з   ѕ   и   ј   к   л   љ   м   н   њ   о   п   р   с   т   ќ   у   ф   х   ц   ч   џ   ш

пукне

пукнат; пукни, пукнете; пукнав, пукна, пукнаа; пукнал; пукнат; (ќе) пукнев, (ќе) пукнеа; (ќе) пукнел
Вид збор: Глагол, свршен
Ранг: 1874
1. При кршење добие пукнатини, проследено со пукот.
Англиски: break Албански: thyerje
Примери:
Стомната пукна, се скрши и истече водата од неа.
Пукна водоводна цевка.
2. Направи да се чуе пукот.
Англиски: crack Албански: kërsit
Примери:
Камшикот пукна застрашувачки во воздухот.
3. Истрела со огнено оружје, куршум, граната и сл.
Англиски: shoot Албански: qëlloj
Примери:
Полицаецот пукна во бегалецот.
Војникот пукна во воздух како предупредување.
4. Се распрсне со пукот (експлозивно тело, мина).
Англиски: shatter Албански: shkatërroj
Примери:
Пукна граната во близината на селото.
5. Во медицината - се отвори дел од телото (оган, обично чир).
Англиски: burst Албански: pëlcet
Употреба: Медицина
Примери:
На детето му пукнало слепото црево.
На стариот вчера му пукна чирот, па се растрчавме по болница.
6. Направи движење со прстите (обично со показалецот и средниот прст) предизвикувајќи звук на пукање.
Англиски: snap Албански: kërset
Примери:
Пукна со прстите повикувајќи го келнерот.
7. Почне, дојде, се појави нешто - годишно време, природна појава.
Англиски: break Албански: filloj
Употреба: Преносно значење
Примери:
Надвор силно пукнало сонце.
Пукна пролет, сѐ се раздвижи.
Изрази
Пукна од смеа - се изнасмеа.
Душава ми пукна - страшно се нервирам за нешто, имам голема мака.
(ирон.) Срцето ми пукна за некого - не ми е гајле за некого.
Жолчка да ти пукне (од мака) - многу тешка, напната ситуација.
Главата му (ти, ми, ...) пукна - има силна главоболка.
Главата му (ти, ми, ...) пукна - има голем нерешлив проблем.
Го пукна - намерно изнервира некого.
Пукна брука (срам) - се расчуе непријатна, срамна работа за некого.
Нека пукнат душманите - можат да ми завидуваат колку сакаат.
Му пукна филм - не може повеќе да поднесе нешто што се случува.
Уште очите не му се пукнати - сега скоро е умрен.
Пукна ѓаволот - се прекина злото.
Ќе пукне грнето - ќе се растури работата некому.
Пукна пердето - пукна срам.
Пукна мразот - тргна работата.
Изведенки
1. пукнува несв.
пукнуваат
2. пукнување ср.
глаг. им.