а   б   в   г   д   ѓ   е   ж   з   ѕ   и   ј   к   л   љ   м   н   њ   о   п   р   с   т   ќ   у   ф   х   ц   ч   џ   ш

прска

прскаат; прскал
Вид збор: Глагол, несвршен
Ранг: 3632
1. Наводенува со ситни капки вода или некоја друга течност.
Англиски: sprinkle Албански: spërkat
Примери:
Навечер ги прскаа улиците со вода од цистерни.
Жената ги прскаше чаршафите со вода пред да ги пегла.
Чиракот прска пред дуќанот и мете.
2. Врши заштита нанесувајќи ситни капки хемиски раствор.
Англиски: spray Албански: spërkat
Примери:
Секоја година тој го прскаше лозјето со заштитни средства.
Ова лето градските власти не прскаа против комарци.
3. Испушта искри при горење.
Англиски: fly Албански: shket ne ajër
Примери:
Од разгорениот јаглен со шум прскаат искри.
4. Се разбива, се распаѓа на честички, на парчиња при експлозија, кршење.
Англиски: shatter, explode Албански: thyej
Примери:
Насекаде прскаа гранати.
Од големата тежина мразот крцкаше и прскаше.
5. (се прска) Се плиска со вода.
Англиски: splash Албански: përplas
Примери:
Се прска со вода по лицето.
6. (се прска) Се плискаат со вода меѓусебно.
Англиски: splash Албански: përplas
Примери:
Децата весело се прскаа со лончиња вода.
Изрази
Главата му прска - има силна главоболка.
Изведенки
прскање ср.
глаг. им.