а   б   в   г   д   ѓ   е   ж   з   ѕ   и   ј   к   л   љ   м   н   њ   о   п   р   с   т   ќ   у   ф   х   ц   ч   џ   ш

прошири

прошират; проширен
Вид збор: Глагол, свршен
Ранг: 3325
1. Направи нешто да стане пошироко.
Англиски: widen Албански: zgjeroj
Примери:
Тој ја прошири вратата во кујната.
2. Наголеми во обем, по број, по количина.
Англиски: increase Албански: rrtit, shtoj
Употреба: Преносно значење
Примери:
Заводот ја прошири наставната програма оваа година со нови теми од областа на природните науки.
Театарот го прошири сопствениот репертоар со нови претстави.
Тој ги прошири своите знаења од информатиката.
3. Распространи сопствено влијание, засили.
Англиски: extend Албански: zgjëroj, zmadhoj
Примери:
Партијата за неколку години го прошири своето дејствување низ целата земја.
4. За болест, зараза - пренесе на повеќе луѓе.
Англиски: spread Албански: zgjëroj, përhap
Примери:
Болеста ја проширија заразените животни.
5. За вест, глас - разнесе на широк простор.
Англиски: distribute Албански: përhap
Примери:
Веста за неговото доаѓање ја проширија печатените медиуми.
6. (се прошири) Наголеми обем, простор и сл.
Англиски: expand Албански: zgjëroj
Примери:
Тие се проширија оваа година, купија поголем стан.
7. (се прошири) Наголеми количина, број и сл.
Англиски: enlarge Албански: zgjëroj, përhap
Употреба: Преносно значење
Примери:
Нивните знаења се проширија во оваа област.
8. (се прошири) Се распространи, се интензивира.
Англиски: intensify Албански: intensifikoj, përhap
Примери:
Христијанството се прошири за многу кратко време.
Овој процес се прошири на сите региони во светот.
Веста за неговото пристигнување брзо се прошири во народот.
Изведенки
1. проширува несв.
2. проширување ср.
глаг. им.