а   б   в   г   д   ѓ   е   ж   з   ѕ   и   ј   к   л   љ   м   н   њ   о   п   р   с   т   ќ   у   ф   х   ц   ч   џ   ш

прошари

прошарат; прошарал
Вид збор: Глагол, свршен
Ранг: 15209
1. Направи понекаде да стане шарено, со поинаква боја од основната.
Англиски: colour Албански: bëj lara
Примери:
Таа го прошари везот со златни конци.
Девојката го прошари платното во основата со тенки црвени нитки.
2. За коса, побели понекаде.
Албански: zbardh
Примери:
Неговата коса по неколку години прошари.
Нејзините долги црни коси ѝ прошарија.
3. За грозје - почне да зрее.
Албански: piqet
Примери:
Грозјето прошари.
4. (се прошари) Стане шарено понекаде (ниви, ливади, шума).
Албански: bëhet lara
Примери:
Нивата се прошари на неколку места, навестувајќи летни горештини.
5. (се прошари) За коса, побели.
Албански: zbardh
Примери:
Од големата тага косата му се прошари.
Косата ѝ се прошари на кутрата вдовица.
6. (се прошари) За грозје - почне да зрее.
Албански: piqet
Примери:
Грозјето се прошарило.
Изведенки
1. прошарува несв.
(се) прошаруваат
2. прошарување ср.
глаг. им.