а   б   в   г   д   ѓ   е   ж   з   ѕ   и   ј   к   л   љ   м   н   њ   о   п   р   с   т   ќ   у   ф   х   ц   ч   џ   ш

прочита

прочитаат; прочитате; прочитав; прочитал; прочитан
Вид збор: Глагол, свршен
Ранг: 661
1. Исчита текст (книга, дел од текст; информација, податок).
Англиски: read Албански: lexoj
Примери:
Сѐ уште не го прочитав писмото.
Јас прочитав една интересна книга.
2. Некому гласно изложи пишан текст.
Англиски: read Албански: lexoj
Примери:
Таа им прочита на децата една приказна.
Момчето им го прочита писмото на старите.
Секретарот го прочита соопштението од директорот.
3. Разбере нечии внатрешни преживувања, чувства, желби, мисли и сл.
Англиски: read Албански: lexoj
Употреба: Преносно значење
Примери:
Тој прочита страв во неговите очи.
Јас веднаш го прочитав.
Изведенки
1. прочитува несв.
прочитуваат
2. прочитување ср.
мн. прочитувања
глаг. им.
Пример: По повеќе прочитувања на текстот на песната, конечно ја научи напамет.