а   б   в   г   д   ѓ   е   ж   з   ѕ   и   ј   к   л   љ   м   н   њ   о   п   р   с   т   ќ   у   ф   х   ц   ч   џ   ш

простира

простираат
Вид збор: Глагол, несвршен
Ранг: 6783
1. Постила на некој простор, најчесто како легло.
Англиски: spread Албански: shtroj
Примери:
Тој простира на подот една рогозина и на неа спие.
2. Стави алишта, ткаенини да се сушат.
Англиски: spread Албански: shtrij
Примери:
Жената ги простираше белите чаршафи на жиците во дворот.
3. (се простира) Се протега на некоја површина.
Англиски: extend Албански: përhap, zgjas
Примери:
Нивата се простира сѐ до реката.
Зад куќата се простира убав овоштарник.
4. (се простира) За власт, влијание - дејствува на некоја територија.
Англиски: spread Албански: shtrihet
Употреба: Преносно значење
Примери:
Неговата власт се простирала сѐ до морето.
Изведенки
простирање ср.
глаг. им.