а   б   в   г   д   ѓ   е   ж   з   ѕ   и   ј   к   л   љ   м   н   њ   о   п   р   с   т   ќ   у   ф   х   ц   ч   џ   ш

пропорционален

пропорционална
Вид збор: Придавка
Ранг: 21916
1. Што има правилен однос на деловите кон целината.
Англиски: proportional
Примери:
Пропорционално зголемување на платите.
2. Што се наоѓа во определен количествен однос спрема некоја величина.
Англиски: proportional
Примери:
пропорционална застапеност
Ако една променлива е право пропорционална со друга променлива, таа се менува на ист начин, како што се менува другата променлива.
обратно пропорционален
Изрази
Пропорционален данок - данок што се плаќа сразмерно спрема приходот.
Пропорционален изборен систем - систем на изборно право во кој се гласа по листи, при што мандатите се добиваат сразмерно на бројот на гласовите.