а   б   в   г   д   ѓ   е   ж   з   ѕ   и   ј   к   л   љ   м   н   њ   о   п   р   с   т   ќ   у   ф   х   ц   ч   џ   ш

притаи

притаат; притај, притајте; притаив, притаија; притаил; притаев, притаеја; притаел; притаен
Вид збор: Глагол, свршен
Ранг: 8446
1. Прикрие нешто да не може да биде видено, чуено.
Англиски: silence Албански: fsheh, mbuloj
Примери:
Таа го притаи здивот и се скри во грмушката.
Таа успешно ги притаи своите чувства пред непознатиот.
Децата го притаија своето љубопитство и веќе ништо не прашуваа.
2. (се притаи) Се скрие, се прикрие негде тивко.
Англиски: hide Албански: fsheh
Примери:
Момчето се притаи зад грмушката неколку минути и чекаше да помине патролата.
Изведенки
1. притајува несв.
притајуваат
2. притајување ср.
глаг. им.