а   б   в   г   д   ѓ   е   ж   з   ѕ   и   ј   к   л   љ   м   н   њ   о   п   р   с   т   ќ   у   ф   х   ц   ч   џ   ш

природен

природни
Вид збор: Придавка
Ранг: 763
1. Што постои или што се појавува во природата.
Англиски: natural Албански: natyror
Примери:
Природен извор на минерална вода.
природни ресурси, природна стихија
2. Што е од раѓање.
Англиски: born Албански: i lindur
Примери:
природен инстинкт, природна интелигенција
природни особини
3. Што е по природа таков.
Англиски: natural
Примери:
природна боја
природна големина
4. Што се јавува според природата на нештата.
Англиски: nature-made Албански: i natyrshëm
Примери:
природно езеро, природно ѓубре
природна свила, природни заби
5. Што е во согласност со стварноста.
Англиски: logical Албански: i natyrshëm
Примери:
природен заклучок, природна потреба
6. вроден, неизвештачен
Англиски: unspoiled Албански: i natyrshëm
Примери:
природен процес, природен развој
природно однесување, природна претпоставка
природна хармонија, природна поза
Изрази
Природен пораст на населението - наголемување на стапката на наталитетот.
Природна селекција - природен одбир (подбор).
Природен закон - регуларноста на појавите во природата.
Природен јазик - јазик на кој зборуваат и комунцираат луѓето.
Природна храна - свежа или преработена, без вештачки препарати.
Природна смрт - ненасилна смрт.
Природно лекување - лекување без лекови, лекување на база на правилна исхрана, на движење и на користење термални бањи.
Природни богатства - материјални богатства од природата што можат да се користат за економски цели.
Изведенки
природност ж.
(едн.) природноста