а   б   в   г   д   ѓ   е   ж   з   ѕ   и   ј   к   л   љ   м   н   њ   о   п   р   с   т   ќ   у   ф   х   ц   ч   џ   ш

природа

(едн.) природата
Вид збор: Именка, женски род
Ранг: 491
1. Материјалниот свет што нѐ опкружува, сѐ што постои без учество на човековиот труд, со сите појави, законитости и услови на постоење на органскиот и неорганскиот свет.
Англиски: nature Албански: natyrë
Употреба: Филозофија
2. Околина на населено место, отворен простор.
Англиски: nature Албански: natyrë
Употреба: Екологија
Примери:
Тој се восхитуваше на природата.
излет во природа
3. Суштинско, основно обележје на некого или нешто.
Англиски: nature Албански: natyrë
Примери:
Детската природа е многу чувствителна.
човекова природа
Таа е во неговата природа.
Проблем од психолошка природа.
Тешкотии од техничка природа.
4. Вродени својства на личноста.
Англиски: feature Албански: natyrë
Примери:
блага природа
весела природа
чудна природа
чувствителна природа
Изрази
Природата на човекот - општите карактеристики на човекот, човечкиот род.
По природа - по карактер.
Според природата на нештата - неизбежно, неминовно.
Мртва природа - мотив на уметничка слика обично со плодови.