а   б   в   г   д   ѓ   е   ж   з   ѕ   и   ј   к   л   љ   м   н   њ   о   п   р   с   т   ќ   у   ф   х   ц   ч   џ   ш

прелее

прелеат; прелеј; прелејте; прелеав, прелеаја; прелеал; прелеан; прелеев, прелееја; прелеел; прелеен
Вид збор: Глагол, свршен
Ранг: 18412
1. Наполни нешто до излевање.
Англиски: over-fill Албански: derdhet
Примери:
Прелеа чашата.
2. Истече течност преку работ на нешто.
Англиски: overflow Албански: derdhet
Примери:
Реката прелеа преку нивите.
3. Потури со течност, нанесе прелив.
Англиски: glaze Албански: zmaltoj
Употреба: Гастрономија
Примери:
Ќе ја прелееш тортата со шербет.
4. Претури течност од еден сад во друг.
Албански: derdh
Примери:
Го прелеа млекото во шишиња.
5. Полие накрсно со вино и масло.
Англиски: dowse Албански: stërpik
Употреба: Црковен термин
Примери:
Попот ја прелеа погачата со вино.
Попот треба да го прелее гробот со масло и вино.
6. Претопи готови предмети, одново излее.
Англиски: recast Албански: riderdh
Примери:
Го прелеа накитот во златни прачки.
7. (се прелее) Се излее преку нешто (раб, брег).
Англиски: overflow Албански: derdhet
Примери:
Виното се прелеа од бурето.
Изрази
Чашата на трпението прелеа - изгуби трпение.