а   б   в   г   д   ѓ   е   ж   з   ѕ   и   ј   к   л   љ   м   н   њ   о   п   р   с   т   ќ   у   ф   х   ц   ч   џ   ш

прво

Вид збор: Прилог
Ранг: 1607
1. првин, најпрвин, најнапред
Англиски: firstly
Примери:
Прво треба да се договориме.
Треба да се видам прво со него.
Да се задржиме прво на некои гласовни особини.
2. За означување на тоа што е прво по ред при набројување.
Англиски: firstly
Примери:
Тој, прво не е доволно паметен, а второ многу е мрзлив.
Прво го посла таванот со слама, па ги нареди крушите.
Изрази
Види го прво дрвото, после седни под него - прво испитај ја работата, а потоа прави што си намислил.
Прво и прво - на прво место, во прв ред, пред се.