а   б   в   г   д   ѓ   е   ж   з   ѕ   и   ј   к   л   љ   м   н   њ   о   п   р   с   т   ќ   у   ф   х   ц   ч   џ   ш

прав

мн. правови
Вид збор: Именка, машки род
Ранг: 1774
1. Множество од ситни честички, кои поради својата мала тежина лебдат во воздухот и паѓаат на површината.
Англиски: dust Албански: pluhur
Употреба: Екологија
Примери:
Прав на мебелот.
Децата играа во правта.
Не кревај прав!
Од ветрот се кренаа правови.
Тутунов прав.
2. Множество од ситни честички вода или снег.
Англиски: dust Албански: pluhur
Употреба: Екологија
Примери:
Снежен прав.
Изрази
Бел прав - дрога.
Цветен прав - полен.
Млеко во прав - суво млеко претворено во прав поради конзервирање и полесен транспорт.
Крене прав - предизвика интерес за некого или за нешто.
Прав не дава да падне на него - многу се грижи за некого.
Ми (ти, му) фрла прав во очи - лаже, мами некого.
Изведенки
1. прав ж.
2. прашец м.
дем.