а   б   в   г   д   ѓ   е   ж   з   ѕ   и   ј   к   л   љ   м   н   њ   о   п   р   с   т   ќ   у   ф   х   ц   ч   џ   ш

потпикне

потпикнат; потпикни, потпикнете; потпикнав, потпикнаа; потпикнал; потпикнат; (ќе) потпикнев, (ќе) потпикнеа; (ќе) потпикнел
Вид збор: Глагол, свршен
Ранг: 33886
1. Стави, пикне нешто некаде.
Англиски: insert Албански: fut
Употреба: Разговорно
Примери:
Ја потпикнал раката во рамето и нога за нога, јаде бадеми.
2. Стави, поттури, тутне некому нешто.
Англиски: stick Албански: ngjit
Употреба: Разговорно
Примери:
Му потпикна некоја пара на келнерот да му најде празна маса.
3. Намести на добро работно место.
Англиски: position Албански: pozicionoj
Употреба: Иронично , Разговорно
Примери:
Успеа да го потпикне во едно министерство.
4. (се потпикне) Се вовлече, се смести некаде.
Албански: fus
Употреба: Разговорно
Примери:
Тој се потпикна во едно ќоше.
5. (се потпикне) Влезе на добро работно место.
Албански: futet
Употреба: Иронично , Разговорно
Примери:
Се потпикнал во градскиот совет.
Изрази
Му се потпикна под кожа - се додвори некому.
Изведенки
1. потпикнува несв.
(се) потпикнуваат
2. потпикнување ср.
глаг. им.