а   б   в   г   д   ѓ   е   ж   з   ѕ   и   ј   к   л   љ   м   н   њ   о   п   р   с   т   ќ   у   ф   х   ц   ч   џ   ш

поразмрда

поразмрдаат
Вид збор: Глагол, свршен
Ранг: 35016
1. Размрда, раздвижи малку, донекаде.
Англиски: move Албански: lëviz
Примери:
Утринската прошетка го поразмрда и го освежи.
Купот се поразмрда и почна да ги коментира неговите зборови.
2. Разниша малку, донекаде.
Англиски: shake Албански: lëkund
Примери:
Тој го поразмрда дрвото за да падне.
3. Натера некого да поработи, да биде поактивен.
Албански: detyroj
Употреба: Преносно значење
Примери:
Наставникот ги поразмрда учениците со тестот.
4. (се поразмрда) Се размрда, се раздвижи малку, донекаде.
Албански: lëviz
Примери:
Излезе надвор да се поразмрда.
5. (се поразмрда) Се фати малку за работа, стане малку поактивен.
Албански: lëviz
Употреба: Преносно значење
Примери:
Доста беше одмор, поразмрдај се малку.
Изведенки
поразмрдува несв.
(се) поразмрдуваат