а   б   в   г   д   ѓ   е   ж   з   ѕ   и   ј   к   л   љ   м   н   њ   о   п   р   с   т   ќ   у   ф   х   ц   ч   џ   ш

помеѓу

Вид збор: Предлог
Ранг: 295
1. (пространствено значење) Место во средина, во внатрешноста, што разделува две или повеќе нешта.
Англиски: between
Примери:
Се наоѓа помеѓу периферијата и центарот.
2. Временско разделување од еден до друг настан, период.
Англиски: between
Примери:
Помеѓу двете светски војни се случи најголемиот крах на берзата.
3. Во средина на еднородни предмети, лица, појави.
Англиски: between
Примери:
Помеѓу двете навивачки групи се испречија десетина полицајци.
4. Заемен однос.
Англиски: between
Примери:
Помеѓу жителите на двете села секогаш имало добрососедски односи.
Изрази
Помеѓу (меѓу) редови се чита - при читањето се открива вистинската смисла, намера на авторот, иако тоа не е кажано директно.