а   б   в   г   д   ѓ   е   ж   з   ѕ   и   ј   к   л   љ   м   н   њ   о   п   р   с   т   ќ   у   ф   х   ц   ч   џ   ш

поема

мн. поеми
Вид збор: Именка, женски род
Ранг: 8262
1. Подолга литературна творба во стихови, со лирско-епски карактер.
Англиски: poem Албански: poemë, vjershë
Употреба: Литература
Примери:
Поемата „Сердарот“ се вбројува во врвните дела на македонската литература.
2. Назив со кој се именуваат големи прозни дела со високи уметнички вредности.
Англиски: poem Албански: poemë
Примери:
Неговиот роман е поема што нѐ води низ животот.
3. Нешто убаво, возвишено, што создава прекрасни чувства.
Англиски: poem Албански: poemë
Употреба: Преносно значење
Примери:
Тие ја живеат најубавата поема на љубовта.
4. Термин со кој се именуваат некои музички дела.
Англиски: poem Албански: poema
Употреба: Музика и танц
Примери:
Симфониска поема.