а   б   в   г   д   ѓ   е   ж   з   ѕ   и   ј   к   л   љ   м   н   њ   о   п   р   с   т   ќ   у   ф   х   ц   ч   џ   ш

подрани

подранат
Вид збор: Глагол, свршен
Ранг: 28804
1. Стане порано од вообичаеното време.
Англиски: get up early Албански: zgjohet më herët
Примери:
Утрото подранивме за на аеродром.
Невестата подранила за на вода.
Аргатите подранија на жетва.
2. Стигне, дојде порано од предвиденото време.
Албански: arrin më herët
Примери:
Неколку ученици подраниле и сега чекаат да ѕвони за на час.
Изведенки
1. подранува несв.
подрануваат
2. подранување ср.
глаг. им.