а   б   в   г   д   ѓ   е   ж   з   ѕ   и   ј   к   л   љ   м   н   њ   о   п   р   с   т   ќ   у   ф   х   ц   ч   џ   ш

подотвори

подотворат
Вид збор: Глагол, свршен
Ранг: 5463
1. Отвори малку, донекаде нешто што било затворено, предмет или дел од телото (очи, уста).
Англиски: open up Албански: çel
Примери:
Ја подотвори вратата да види кој тропа.
Го подотвори ковчегот од љубопитност.
Ги подотвори закрвавените очи, малку, колку да види кое време е.
2. Направи мал отвор во нешто, само донекаде.
Англиски: open up Албански: hap
Примери:
Подотворија еден дел од ѕидот, колку да го постават надвратникот.
3. Ослободи нешто затворено, заглавено, овозможи да функционира.
Англиски: open up Албански: çel
Примери:
Таа го подотвори фитилот на ламбата.
Подотвори ја чешмата да тече вода врз лубеницата, да се олади.
4. Направи нешто да биде отворено, слободно за други луѓе, за друго влијание, за други можности.
Англиски: open up Албански: çel
Употреба: Преносно значење
Примери:
Нашата држава ги подотвори можностите за странските инвеститори.
5. (се подотвори) Се отвори малку, нецелосно, донекаде.
Англиски: open up Албански: hap
Примери:
Вратата се подотвори од провевот.
6. (се подотвори) Се ослободи пред некого или за нешто.
Англиски: open up Албански: çel
Употреба: Преносно значење
Примери:
Жената полека се подотвори пред лекарот, си ги кажа маките.
Изведенки
подотвора несв.
подотвораат
Пример: Нашата земја се подотвора кон светот.