а   б   в   г   д   ѓ   е   ж   з   ѕ   и   ј   к   л   љ   м   н   њ   о   п   р   с   т   ќ   у   ф   х   ц   ч   џ   ш

по

Вид збор: Предлог
Ранг: 40
1. Предмет, место, пространство на површината од кои се врши дејство.
Примери:
Слегувавме по скали.
Оделе по сртот од планината.
Месечината плови по небо.
Го удрил по глава, по очи.
Оди по улица и свири.
Ги распоснале по масата.
2. Предмет, место, пространство во чии гранки се врши дејството; ред објекти кон кои се врши дејството.
Примери:
Погледна по собата.
Шета по паркот.
Тоа уште може да се најде по селата.
Тој е сè по конференции.
До кога ќе се влечкате по судови?
Го носела детето по бајачки.
3. Кон правецот на нешто.
Примери:
Мy оди по трагите.
По реката угоре (оди).
По реката удолу (плива).
4. Цел, предмет што треба да се добие.
Примери:
Отидоа по невеста.
Да не сте дојдени по книгите?
Пратија по лекар.
Оди по работа.
5. Насоченост на дејството.
Англиски: behind
Примери:
Кучињата лаеја по нив.
Полицајците пукаа по илегалецот.
6. Пак насоченост со глаголи и именки во значење; тага, копнеж, ламтеж, жал; со вакво значење оди исто така и предлогот за.
Англиски: after
Примери:
Со години тагуваше по сина си.
Памет му штукна по неа.
Та како мене и друг да вене по тебе.
Жал по младост.
Се тресевме по него.
7. Редослед по место.
Англиски: behind
Примери:
(нар.поез.) Прв беше Плетикоса Павле, / а по него Груица детенце ,/ а по него Секула лудечок, / а по него Ѓуро пијаница.
Вие сте по мене.
8. Подоцна од некое време, рок и сл.
Англиски: after
Примери:
По смртта на татка му.
По два дена пак ќе дојдеме.
По враќањето од странство.
По плачка радост.
Дури таму по Велигден се виделе.
По пладне.
9. Траење во определен рок.
Примери:
По цел ден не е дома.
По цели саати го чекам.
По цела ноќ работа.
10. Со именки што означуваат; природни услови - време кога станува нешто.
Примери:
Дошол по магла и дожд.
Се оди ли така по сонце? По такво време.
По лад(овина) тргнале за в село.
Излегле да играат по месечина.
11. Следување едно по друго; редење; постепеност.
Примери:
Лист по лист (тутун).
Зрно по зрно погача.
Парче по парче.
Капка по капка.
Малку по малку.
И еден по еден.
12. количество, размер, цена
Примери:
По педесет денари килото.
Одвреме-навреме ќе пукнеше по некоја пушка.
На сите дај им по три метра платно.
И тој ќе кажеше по нешто.
Во клупите седеа по четворица.
Ќе влегувате по двајца.
По таа цена не ми се земаат.
13. При множење.
Примери:
Осум по пет се четириесет.
14. На одреден начин.
Примери:
Облечен по селски.
По српски тој збор друго значи.
Не одиме веќе по старо.
Се движи по инерција.
Поздрави по војнички.
15. Дејството се врши во согласност по нешто; според.
Примери:
Облечена по мода. По азбучен ред.
По закон.
По сопствена желба (волја).
По правило тој е пак отсутен.
Ги викнале сите по список.
(разг.) По мое мислење.
16. Покажување својство, качество, белег.
Примери:
Го познал по гласот. Ако се суди по изгледот.
По таткото се познава синот.
По очите те познав дека лажеш.
По надворешност не беше некој убавец.
Прв по важност.
Нежен по природа.
По народност е Македонец.
(разг.) Се разбира само по (од) себе.
17. Однос на блискост.
Примери:
Браќа се по татко. Другари по оружје.
(разг.) Брат по Христа.
18. Недоволна облеченост.
Примери:
Излегол по кошула (по гаќи, по чорапи).
Се оди ли во ова време по палто?
Дошла на гости по влечки!
19. Средство со кое се праќа, се јавува, се доставува нешто.
Примери:
Ги пратил парите по човек.
Зборувал по (и преку) радио.
Му јавил по (и преку) телефон.
По пошта, по железница (прати го).
20. причина, повод
Примери:
Дошол по грешка.
Го преместиле по потреба на службата.
(разг.) По повод (на) тоа.
21. Со ограничена употреба - вид, област на дејност.
Примери:
Студент по филозофија.
Курс по физика.
Настава по македонски јазик.
Учебник по историја.
Испит по (и од) политичка економија.
Специјалист по (и за) внатрешни болести.