а   б   в   г   д   ѓ   е   ж   з   ѕ   и   ј   к   л   љ   м   н   њ   о   п   р   с   т   ќ   у   ф   х   ц   ч   џ   ш

пита

питаат; питал
Вид збор: Глагол, несвршен
Ранг: 15722
1. Бара милостина.
Англиски: beg
Примери:
Ќе пита и ќе се храни, ама нема да му се моли.
Да питаш (та) да се храниш!
Дојде време да питаш за леб!
(разг.) Како што пита питачот од куќа в куќа.
(нар. поез.) Што питате, што просите, море два просјака?
2. Бара дозвола да стапи во брак со нечија ќерка или сестра.
Англиски: propose
Употреба: Народна поезија
Примери:
Попитал Стојан бела Бојана, / Стојан ја пита, брат ја не дава.
3. праша, (се) праша
Англиски: ask
Употреба: Дијалектен збор , Народна поезија
Примери:
Ќе те питам, ќе те прашам.
Кој пита, тој не скита.