а   б   в   г   д   ѓ   е   ж   з   ѕ   и   ј   к   л   љ   м   н   њ   о   п   р   с   т   ќ   у   ф   х   ц   ч   џ   ш

отпуст

(едн.)
Вид збор: Именка, машки род
Ранг: 18350
1. Чин со кој се прекинува нечиј престој на определено место, средина и сл.
Англиски: dismissal Албански: shkarkim, lëshim
Примери:
Доби отпуст од војска.
2. Благослов, завршна молитва што свештеникот ја кажува на крајот од едно богослужение на царските двери, свртен кон народот.
Англиски: benediction Албански: uratë
Употреба: Црковен термин
Примери:
Таа секогаш в црква седеше до отпуст.
Попот пропеа што пропеа и даде отпуст.