а   б   в   г   д   ѓ   е   ж   з   ѕ   и   ј   к   л   љ   м   н   њ   о   п   р   с   т   ќ   у   ф   х   ц   ч   џ   ш

отпечати

отпечатат; отпечатил; отпечатен
Вид збор: Глагол, свршен
Ранг: 11484
1. Публикува, заврши печатење на нешто.
Англиски: print Албански: botoj
Примери:
Книгата ја отпечативме во тираж од 500 примероци.
Печатницата ја отпечати книгата во рекорден рок.
2. Извади отпечаток на печатач.
Англиски: print Албански: printoj
Примери:
Тој ги отпечати сите статии на печатач и ги стави во папка.
3. (се отпечати) Остави трага на некоја површина.
Англиски: print Албански: lë gjurmë
Примери:
Прстите на крадецот му се отпечатиле на ѕидот кога го допрел.
Стапалките од калните чевли му се отпечатија на килимот.
4. Отвори нешто запечатено, симне печат.
Англиски: unseal Албански: hap, çvulos
Примери:
Домаќинот го отпечати виното десет години старо.
Таа го отпечати сандакот што стоел запечатен повеќе од три децении.
Изведенки
1. отпечатува несв.
отпечатуваат
2. отпечатување ср.
глаг. им.