а   б   в   г   д   ѓ   е   ж   з   ѕ   и   ј   к   л   љ   м   н   њ   о   п   р   с   т   ќ   у   ф   х   ц   ч   џ   ш

откупи

откупат; откупил
Вид збор: Глагол, свршен
Ранг: 9473
1. Со откуп ослободи некого од ропство, заробеништво, грев и сл.
Англиски: buy out Албански: blej
Примери:
Тој го откупи брата си од киднаперите.
Нивната земја ги откупи своите затвореници за голема сума пари.
2. Целосно купи стока, производ.
Англиски: purchase Албански: blej
Примери:
Тие ги откупија општествените станови.
Неготинската фабрика за конзервирање зеленчук го откупи производството на ран зеленчук, домати и пиперки, од земјоделците.
На аукцијата тој ја откупи најскапата слика.
Издавачот ги откупи авторските права.
Жири-комисијата откупи повеќе раскази за објавување од непознати автори.
3. Поврати со откуп, одземе нешто што на некој начин било отуѓено од сопственикот.
Англиски: buy back Албански: blej
Примери:
Луѓето од селата ги откупуваа своите стари куќи што некогаш ги продаваа.
Ќерката ги откупи сите слики од својот татко што беа подарувани или продавани и направи голема изложба во Париз.
4. (се откупи) Плати за себе да се ослободи од обврска, ропство и сл.
Англиски: buy out Албански: blej
Примери:
Тој се откупи од долгот за (со) две илјади долари.
Само еден роб се откупи од робовладетелот.
Таа се откупи од чорбаџијата за пет жолтици.
Изведенки
1. откупува несв.
(се) откупуваат
2. откупување ср.
глаг. им.