а   б   в   г   д   ѓ   е   ж   з   ѕ   и   ј   к   л   љ   м   н   њ   о   п   р   с   т   ќ   у   ф   х   ц   ч   џ   ш

отвори

отворат; отворил; (ќе) отворел; (ќе) отворев
Вид збор: Глагол, свршен
Ранг: 514
1. Отстрани преграда, препрека од нешто што е затворено, направи нешто што било затворено повеќе да не е.
Англиски: open Албански: hap
Примери:
Го отвори прозорецот.
Му ја отвори вратата.
2. За дел од тело на човек или животно (уста, очи).
Англиски: open Албански: hap
Примери:
Отвори ја устата и кажи а.
3. Отклучи нешто што било заклучено.
Англиски: unlock Албански: shkyq
Примери:
Јас го имам загубено клучот , па кога дојдовме дома, брат ми ја отвори вратата со неговиот клуч.
4. Направи отвор на нешто.
Англиски: open Албански: hap
Примери:
На овој ѕид ќе отвориме прозорец.
5. Направи да биде достапна внатрешноста на нешто.
Англиски: open Албански: e hap
Примери:
Децата ги отворија набрзина новогодишните пакетчиња.
Ја отвори кутијата со накит.
Ги отвори сите фиоки и не ја најде папката со документи.
6. Расклопи нешто склопено.
Англиски: open Албански: hap
Примери:
Го отвори чадорот кога почна да врне.
Ја отвори футролата.
Го отвори весникот и почна да чита.
7. Почне cо секојдневна, редовна работа.
Англиски: open Албански: fillon
Примери:
Тој секој ден навреме го отвораше и го затвораше дуќанот.
Сопственикот на кафеаната секое попладне ја отвораше во 16 часот.
8. Основа фирма, дуќан и сл.
Англиски: open Албански: hapje
Употреба: Преносно значење
Примери:
Лекарот отвори приватна ординација во својот стан.
Многу професори по англиски јазик отворија приватни училишта.
Стопанска банка отвори нова експозитура.
9. Започне со работа јавен собир, манифестација, случување од јавен интерес.
Англиски: open Албански: hapje
Употреба: Преносно значење
Примери:
Претседателот на Извршниот одбор ја отвори манифестацијата.
Македонскиот народен театар со таа претстава ги отвори театарските игри.
Истражниот судија го отвори главниот претрес.
10. Пушти во дејство некаков механизам.
Англиски: open Албански: hap
Примери:
Домаќинката ја отвори чешмата, но не потече вода.
Винарот го отвори чепот од бочвата за да ги наполни шишињата со вино.
11. Направи достапен, слободен премин, пат, граница и сл.
Англиски: open Албански: hap
Примери:
Нашата земја ги отвори границите за бегалците.
12. Прави да изгледа подобро од порано, да е поздраво, поубаво.
Англиски: brighten Албански: shëndrit
Примери:
Од ден на ден детето отвора.
13. Прави да има подобар изглед.
Англиски: brighten Албански: shëndrit
Примери:
Оваа боја ме отвора.
14. (се отвори) Стане отворен.
Англиски: open Албански: hapet
Примери:
Од силниот ветер прозорците се отворија.
Чантата ми се отворила и ми испаднало шамивчето.
15. (се отвори) Престане да биде срамежлив, стане поснаодлив, повешт.
Англиски: open Албански: i hapur
Примери:
Кога тргна на училиште, тој се отвори.
16. (се отвори) Се шири, добие нова димензија.
Англиски: spread Албански: zgjëroj
Примери:
Кога се искачивме на ридот, пред нас се отвори едно широко поле.
Изрази
Му (се) отвори апетит - добие поголема желба за јадење.
Му (се) отвори апетит - (прен.) добие желба за нешто.
Отвори збор - почне разговор за нешто, го насочи разговорот на определена тема.
Отвори збор - го шири разговорот, продолжува да разговара.
Му ги отвори очите - му ги разјасни работите, направи да биде свесен за нешто.
Отвори очи - се разбуди.
Отвори очи - стане внимателен.
Отвора четири очи - стане внимателен.
Отвори пат - најде причина за посета и сл.
Отвори (една) уста - прозборе, почне да се расправа за нешто.
Уште очи не (сум) отворил - уште не сум се разбудил целосно.
Отвори душа / срце - стане искрен, се довери некому.
Отвори оган - започне да пука, започне бој, борба.
Му отвори рана - спомене, каже некому нешто непријатно, болно; навреди некого.
Отвори стари рани - повторно актуализира заборавени болки или проблеми.