а   б   в   г   д   ѓ   е   ж   з   ѕ   и   ј   к   л   љ   м   н   њ   о   п   р   с   т   ќ   у   ф   х   ц   ч   џ   ш

оска

мн. оски
Вид збор: Именка, женски род
Ранг: 5732
1. Машински елемент со цилиндричен облик кој ги носи деловите што се вртат (колца, делови од машини, од механизми и сл.
Англиски: axle Албански: bosht, aks
Употреба: Технологија
Примери:
Топот пропаднал во калта до оските на тркалата.
2. Замислена права околу која се врти едно тело, права што поминува низ центарот на симетријата или на тежината на некое тело.
Англиски: axis Албански: bosht, aks
Употреба: Математика
Примери:
Земјина оска
оска на симетрија
координатна оска
3. Основното, главното околу кое се развиваат некои настани, се одвиваат некои дејства.
Англиски: axis Албански: bosht
Употреба: Преносно значење
Примери:
комуникациска оска