а   б   в   г   д   ѓ   е   ж   з   ѕ   и   ј   к   л   љ   м   н   њ   о   п   р   с   т   ќ   у   ф   х   ц   ч   џ   ш

опит

мн. опити
Вид збор: Именка, машки род
Ранг: 10464
1. Севкупност од умствени и практични знаења, вештини, навики стекнати низ самиот живот и практика.
Англиски: experience Албански: përvojë
Примери:
животен опит
личен опит
горчлив опит
Пословиците се кратки изреки, извлечени од размислувањата и опитот на нашите предци.
2. Вештачко предизвикување на некоја појава заради проучување и откривање на законитостите на кои подлежи.
Англиски: experiment Албански: eksperiment
Примери:
Лабораториски опити.
Набљудување и изведување опити.
3. Испитување, утврдување на особините, проба.
Англиски: test Албански: provë, test
Примери:
Колку нараснала потребата од книга на народен јазик, покажува отворањето на македонска печатница во Солун, како и опитот направен десетина години подоцна да се создаде печатница во селото Ваташа.