а   б   в   г   д   ѓ   е   ж   з   ѕ   и   ј   к   л   љ   м   н   њ   о   п   р   с   т   ќ   у   ф   х   ц   ч   џ   ш

однадвор

Вид збор: Прилог
Ранг: 1920
1. Од надворешната страна.
Англиски: outside
Примери:
Куќата однадвор изгледаше добро, но внатре беше запуштена.
Тенџерето однадвор беше здраво, но однатре беше излупено.
2. Од друго место, од страна; од странство.
Англиски: abroad
Примери:
Иако многу му влијаеја однадвор, тој сепак остана на своето.
За време на туристичката сезона доаѓаа и гости однадвор.
3. Од околината на нешто кон неговата внатрешност.
Примери:
Бледа светлина доаѓаше однадвор од уличната светилка.
Однадвор се слушаа детски гласови.