а   б   в   г   д   ѓ   е   ж   з   ѕ   и   ј   к   л   љ   м   н   њ   о   п   р   с   т   ќ   у   ф   х   ц   ч   џ   ш

одговара

одговараат; одговарал
Вид збор: Глагол, несвршен
Ранг: 831
1. Соодветствува, личи, прилега на некого или на нешто.
Англиски: fit, match Албански: përgjigjet
Примери:
Тоа не одговараше на вистината.
Оваа девојка му одговара на мојот син.
Црвениот фустан не ми одговара.
2. Погоден е, дава можности, исполнува услови за нешто.
Албански: mundëson
Примери:
На оваа влада ѝ одговара новата состојба.
3. Одговорен е, носи одговорност за нешто.
Англиски: respond Албански: përgjegjës
Примери:
За успешното извршување на задачата сите подеднакво одговараме.
За направената штета, тој ќе одговара пред директорот.
4. Обвинет е за нешто, изведен е пред суд.
Англиски: account for Албански: përgjigjet
Употреба: Правда
Примери:
Тој одговара за кривично дело кражба.
Тие ќе одговараат за дезертерство.
Изведенки
одговарање ср.
глаг. им.