а   б   в   г   д   ѓ   е   ж   з   ѕ   и   ј   к   л   љ   м   н   њ   о   п   р   с   т   ќ   у   ф   х   ц   ч   џ   ш

одбрана

(едн.) одбраната
Вид збор: Именка, женски род
Ранг: 2708
1. Активност, дејство заради спречување и отстранување некаква опасност, напад и сл.
Англиски: defense Албански: mbrojtje
Употреба: Воен термин
Примери:
вооружена одбрана
противвоздушна одбрана
за одбрана на татковината
2. Сила (од луѓе и средства) што овозможува таква активност.
Англиски: defense Албански: mbrojtje
Примери:
На одбраната ѝ се потребни нови обучени луѓе.
Потребни се реформи во одбраната.
3. Заштита, закрила, бранење на некого или на нешто.
Англиски: protection Албански: përkrahje
Примери:
Нему му падна жал за мене и ме зеде во одбрана.
Тој застана во одбрана на словенската писменост.
Декларација за одбрана на граѓанските права.
4. Правна заштита, бранење во текот на судска постапка.
Англиски: defense Албански: mbrojtje
Употреба: Правда
Примери:
Адвокатот приложи нови докази за одбрана на обвинетиот.
Откако се изјасни по обвинението, тој ја изнесе својата одбрана.
5. Лице што врши таква заштита, што го брани обвинетиот на суд.
Англиски: advocate Албански: avokat
Употреба: Правда
Примери:
Застапникот на одбраната достави приговор до судијата.
Одбраната го заплашува сведокот.
6. Докажување оправданост, бранење определени поставки во претходно изработен, напишан труд пред испитна комисија.
Албански: vërtetim
Употреба: Образование
Примери:
Одбрана на магистерски труд.
Одбрана на докторска дисертација.
7. Дел од екипа, играчи што го одбиваат нападот на противничката страна.
Англиски: defense Албански: mbrojtje
Употреба: Спорт
Примери:
Одбраната потфрли во текот на натпреварот.
Тренерот ја засили одбраната со двајца нови играчи.
8. Начин, систем на шаховско отворање во зависност од играта за која се одлучува играчот со црни фигури.
Англиски: defense Албански: mbrojtje
Употреба: Спорт